Колумбискиот фудбалски интернационалец во редовите на Монако, Радамел Фалкао, побарал од раководството да му дозволи да си замине во јануарскиот трансфер период бидејќи не е задоволен од моменталната состојба во клубот.
Тимот од кнежевството е влезе во голема резултатска криза а згора на тоа се соочува и со одредени проблеми кај раководниот кадар кој беше обивнет за малверзации. Шпанските медиуми информираат дека Фалкао му се понудил на Реал Мадрид, откако неговите агенти исконтактирале со првиот човек на „кралевите“, Флорентино Перез.
Се претпоставува дека францускиот тим ќе му дозволи на напаѓачот да си замине бидејќи тоа ќе ја олесни колку толку финансиската состојба ако се знае дека Фалкао е еден од најдобро платени играчи во клубот.