Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн на крајот на сезоната ќе побара да си замине од клубот бидејќи не е задоволен од постигнатите резултати, најавија денеска англиските медиуми.
Договорот на Кејн со „спарси“ е валиден до 2024 година што значи дека англичаните сигурно нема лесно да се откажат од неговите услуги.
Одредени информации наведуваат дека Манчестер Јунајтед е меѓу главните кандидати да ја искористи целата ситуација иако тука се споменува и Манчестер Сити како и неколку тимови од Шпанија и Италија.

