Напаѓачот на Барселона, Пјер-Емерик Обамејанг е тешко повреден по вооружен грабеж во неговиот дом во Шпанија, објави „Атлетик“.
Според изворот, напаѓачот добил скршеница на вилицата. Се најавува дека времето на закрепнување на Обамејанг ќе зависи од одлуката на играчот за можна операција. Се очекува 33-годишниот интернационалец од Габон да пропушти најмалку еден месец поради повреда. И покрај повредата на Обамејанг, лондонски Челзи продолжува да преговара за евентуален трансфер на играчот. Двете страни се уште не постигнале договор.
Обамејанг се приклучи на Барселона со слободен трансфер во јануари 2022 година. Во Шпанија, напаѓачот постигна 13 гола и даде една асистенција на 24 натпревари.