Македонската фудбалска репрезентација одигра нерешено 1-1 на денешниот прв контролен меч во Анталија против селекцијата на Молдавија. Во првиот официјален натпревар во 2024 година, момците на Благоја Милевски покажаа повеќе од противникот, но не ги искористија шансите за да го добијат овој меч.
Македонија поведе со голот на Миовски во првата минута од судиското надополнување во првиот дел од мечот, откако претходно имаше неколку убави шанси за гол.
На стартот на вториот дел исто така пропуштивме да претвориме во втор гол уште неколку изгледни можности, а казната стигна со еден прекрасен гол со ножички на Витали Дамашкан кој ги постави конечните 1:1.
Следниот тест-меч за нас е веќе в понеделник против Црна Гора, исто така во Анталија.