На поранешниот менаџер на Челзи, Томас Тухел, му се заканува депортација од Велика Британија, тврди „Телеграф“.
Тој е невработен од 6 септември откако беше отпуштен од раководството на Челзи, но продолжува да живее блиску до базата на лондонскиот клуб, а неговите ќерки дури одат на училиште во близина. Според „Телеграф“, кога бил донесен на „Стемфорд Бриџ“ во јануари 2021 година, клубот договорил Тухел да добие посебна работна виза, која им се дава на луѓе за кои се верува дека значително придонесуваат за нивото на фудбалот во Премиер лигата.
Сепак, поранешниот тренер на Пари Сен Жермен моментално е со статус на невработен странски државјанин, што, според законите на Велика Британија, значи дека му е дозволено да остане само 90 дена од датумот на неговото отпуштање. Другата опција е тој периодов да најде нова работа.