Клубовите од Премиер-лигата добија протокол во кои се наведени мерките на претпазливост за да продолжат со вежбање во групи.
Арсенал и Тотенхем ги отворија базите и играчите тренираат одделно, но, кон средината на мај треба да ги започнат и групните тренинзи. Документот објаснува дека фудбалерите ќе мораат да носат маски цело време и дека 48 часа пред продолжувањето на тренингот, сите играчи и тренери ќе бидат тестирани за КОВИД-19.
Целокупната опрема, знаменцата, конусите и вратите ќе бидат дезинфицирани пред и после секое тренирање. Масажа нема да се направи освен ако не е пропишано од лекарот на клубот.