Фудбалерите на Вардар се подготвуваат за настап во 2. коло од Конференциската лига на УЕФА каде ги чека двомеч со швајцарскиот тим Лозана, а УЕФА веќе ги одреди судиите за мечевите.
Првиот меч кој се игра во Скопје, ќе го судат судии од Чешка. Главен е Доминик Стари, ќе му помагаат Јан Патак и Лукас Славичек. Четврти судија е Јан Махалек. Мечот официјално е закажан на 24 јули од 20:30 часот на Арената „Тодор Проески“ во Скопје.
Во Швајцарија, пак, главни судии се Израелци. Снир Леви е прв арбитар, асистенти се Ростислав Талис и Дор Медина. Четврти судија е Наел Одех. Натпреварот се игра на 31 јули на „Стад Де Ла Туилер“ во Лозана.
PHOTO: fkvardar

