Капитенот на репрезентацијата на Гвинеја Наби Кеита стана играч на германскиот Вердер Бремен. Претходно играше во англискиот Ливерпул.
Кеита се приклучи како слободен агент. Ова го објави официјалниот сајт на германскиот клуб.
„Навистина се радувам на мојата нова улога во Бремен. Разговорите со одговорните, околината и идејата за игра на Вердер ме убедија. Тренерот ми даде многу добар вовед и покажа дека можам да му помогнам на тимот. Вердер Бремен е посебен клуб и сè уште се сеќавам на „Везерстадион“ од моето време во Лајпциг. Клубот и филозофијата ми одговараат, ова е вистинскиот чекор за мене“, изјави Кеита.
Наби Кеита со Ливерпул го освои ФА Купот, ФА Купот, Лигата на шампионите на УЕФА и Светското клупско првенство на ФИФА, а исто така неколку пати ја претставуваше својата родна земја во Африканскиот куп на нации. За пет години одигра 129 натпревари за тимот на Јирген Клоп.

