Играчот од средниот ред на Њукасл, Набил Бенталеб може да ја продолжи кариерата во Русија, пренесува „Спорт Билд“.
25-годишниот Алжирец е на позајмица во Њукасл, но неговите права ги има Шалке 04. Договорот меѓу двата клуба содржи клаузула според која Њукасл има право да го купи Бенталеб за 10 милиони евра. Менаџерот Стив Брус сака да го задржи Алжирецот, а неговата желба е да остане во Англија, но не е јасно каква одлука ќе се донесе по очекуваната промена на сопственоста на клубот.
Покрај Русија, постои интерес за Бенталеб од Кина и Саудиска Арабија. Сепак, „Спорт Билд“ не ги објавува имињата на клубовите кои сакаат да го привлечат играчот од средниот ред.

