ЕХФ го суспендираше Драган Начевски на две години и го казни дополнително со 5000 евра поради прекршување на основните обврски во правилникот и во кодексот на однесувањето.
Одлуката доаѓа откако ЕХФ доби информација од данската телевизија ТВ2 дека нашиот ракометен работник е вклучен во разговор со наводен кинески бизнисмен во кој беше допрена темата за „договарање“ на натпревари.
Иако Начевски ја одби понудата, тој не го пријавил случајот до надлежните органи во ЕХФ. Начевски во рок од седум денови може да поднесе жалба до Апелациониот суд на Европската ракометна федерација.