Нашите најдобри ракометни судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, повторно ќе бидат на теренот на Светското првенство во Полска и Шведска.
Тие доцна вечер од 21.00 часот во „Таурон Арената“ во Краков ќе го судат дербито меѓу Франција и Шпанија. Тоа ќе биде четвртиот натпревар за македонските судии на Мундијалот.
Претходно во првата фаза судеа на мечевите: Бахреин – Тунис 27:27 и Португалија – Унгарија 27:20 а потоа во главната фаза беа активни на средбата Исланд – Шведска (30:35).