Нашите Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе го судат ракометното дерби Шпанија – Норвешка во рамките на второто коло на машкиот турнир на Олимпијадата во Токио.
Натпреварот ќе биде одигран утре од 09.15 часот. Во првата рунда „Црвената Фурија“ ја совлада минимално Германија додека Скандинавците беа подобри од Бразил.
Македонските судии беа активни и на стартот на ракометните возбудувања и го водеа мечот Египет- Португалија во кој победија „фараоните“ со 37:31.