Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо Фернандез ќе биде надвор од комбинација за настап околу три недели, пренесуваат шпанските медиуми.
Од „Сантијаго Бернабеу“ официјално објавија извештај за повреда на мускулот, без да го наведе датумот за закрепнување на играчот.
30-годишниот универзален дефанзивец сигурно нема да биде во составот на Реал Мадрид за неделниот натпревар со Еибар, како и за претстојните натпревари со Реал Сосиедад, Мајорка и Еспањол.
Начо и Лука Јовиќ се единствените повредени во составот на Реал Мадрид.