Според шпанските портали, дефанзивецот на Реал (М), Начо е предмет на интерес на Интер. Шпанскиот дефанзивец би можел да го напушти Реал Мадрид како слободен играч во летниот преоден рок. „Нероаѕурите“ сакаат да го ангажираат фудбалерот со слободен трансфер, што би било добра зделка.
Начо и покрај тоа што никогаш не беше прв избор на централен бек помина одлична кариера во Мадрид. 33-годишниот фудбалер е во Реал повеќе од две децении.