Луис Суарез и неговиот Национал Монтевидео испаднаа од Копа Судамерикана по поразот од 3:0 против Атлетико Гоаниенсе. Уругвајците се елиминирани со вкупен резултат 4:0.
Луис Фернандо погоди двапати, додека Габриел Бараљас го постигна третиот гол за Бразилците и го трасираше патот на Атлетико во следната рудна. Суарез се појави како замена во второто полувреме и пропушти неколку шанси за гол.
Суарез, кој пристигна како слободен играч од Атлетико Мадрид, во петокот го постигна својот прв гол за Национал на меч во домашното првенство против Рентистас.