Над 1500 навивачи на Лацио го испрати својот тим во Неапол, каде што утре популарните „орли” ќе се соочат со второпласираниот тим во серија А.
Приврзаниците на римскиот клуб се собраа во станицата Термини во главниот град на Италија за да ја покажат својата поддршка и љубов кон клубот. На утрешниот натпревар, секторот за гостински навивачи на стадионот „Сан Паоло“ ќе биде празен.
Безбедносната мерка е поради големото нетрпение кое владе меѓу навивачите на овие два клуба и омразат која ја има меѓу „тифозите“ на Лацио и оние на Наполи.