Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Над 25 илјади гледачи дојдоа на претставувањето на Марсело како играч на Олимпијакос
    Фудбал

    Над 25 илјади гледачи дојдоа на претставувањето на Марсело како играч на Олимпијакос

    risteBy riste06/09/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Синоќа се одржа претставувањето на бразилскиот дефанзивец Марсело како играч на грчки Олимпијакос.

    Повеќе од 25.000 гледачи се собраа на стадионот „Георгиос Караискакис“ во Пиреја да го поздрават новиот миленик, објави прес-службата на тимот. Потписот на Бразилецот беше објавен во петокот на 2 септември. Договорот на 34-годишниот Марсело со Олимпијакос беше склучен на една година со можност за продолжување на уште една. Марсело излезе на теренот во придружба на синот и сопругата облечен во црвено-белиот дрес на тимот од Атина со бројот 12.

    Фудбалерот потекнува од бразилски клуб Флуминенсе. Марсело дојде во Реал Мадрид во 2007 година и го напушти клубот ова лето откако му истече договорот. Заедно со Реал Мадрид дефанзивец пет пати стана победник на Лигата на шампионите, шест пати – шампион на Шпанија.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Кевин Трап останува во Ајнтрахт Франкфурт до 2026 година

    03/02/2023

    Месут Озил на 34 години ја завршува кариерата

    03/02/2023

    Мартинели потпишал нов договор со Арсенал

    03/02/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Кевин Трап останува во Ајнтрахт Франкфурт до 2026 година
    • Месут Озил на 34 години ја завршува кариерата
    • Моцарт е нов генерален спонзор на ТФТ
    • Валтер: Повредите се причина за слабиот старт во СЕХА
    • Форд ќе прави мотори за Ред Бул од 2026 година
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.