По повод започнувањето на „Европската недела на спортот“ во која е вклучена и Република Македонија преку Агенцијата за млади и спорт, денеска во просториите на АМС, се одржа прес-конференција на која се презентираа целите од цениот настан.
Директорот на СЦ „Борис Трајковски”, Александар Петровски повика на масовно учество на сите за да се подигне спортскиот дух и здравиот начин на живот за сите.
„Преку реализирање на проектот ќе ја подигнеме свеста за подигнување за улогата на физичката активност кај граѓаните. Ќе ги мотивираме граѓаните да ги искористат капацитетите на нашиот центар и да ги поканиме да дојдат на 29 септември кај нас и да учествуваат во 30 спортски активности кои ќе се одржуваат во исто време“, вели Петровски.
Во текот на неделата на спортот ќе се случуваат преку 70 спортски настани, почнувајќи од најмладите во градинките, се до сите категории на граѓани.