Натпреварот меѓу Холандија и Еквадор (1:1) од групата „А“ на светското фудбалско првенство го следеле повеќе од 76 % од луѓето во земјата кои поседуваат телевизија. Ова го објави профилот на одделот за медиуми на ФИФА на Твитер.
Мечот на „лалињата“ со Еквадор беше број 1 по ТВ гледаност во 2022 година во земјава. Натпреварот беше гледан повеќе од кој било друг натпревар на Холандија за време на последното Светско првенство во Русија 2018 година.
Над 76,6% од луѓето во Холандија кои поседуваат телевизор го гледале мечот со Еквадор. Не би било изненадување да се видат подобри ТВ рекорди доколку избраниците на Луј ван Гал стигнат до следната фаза на Светското првенство во Катар.