По 18. пат в недела низ улиците на Скопје ќе се трча Скопскиот атлетски маратон. На денешната прес-конференција, директорот на трката Кире Синадиновски и градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, најавија уште една грандиозна манифестација со учество на над 8700 тркачи од 47 светски земји.
Според зборовите на Синадиновски, в недела ќе има тројца маратонци од Кенија, двајца во машка и една во женска конкуренција, а оваа година за настап се пријавени и сите македонскимаратонци, иако Атлетската федерација на Македонија не е дел од организацијата на настанот.
Стартот на Скопскиот маратон в недела ќе биде во 8 часот пред Собранието на Р. Македонија.