Шпанскиот тенисер Рафаел Надал уште еднаш триумфирае на Грен Слем турнирот во Париз, откако во финалниот меч денеска со 3:0 во сетови го совлада Австриецот Доминик Тим.
За Надал ова беше 11-тото финале на централниот терен во Париз и 11-тата победа на „Ролан Гарос“. Денешната победа беше практично 17-тата Грен Слем титула во неговата кариера.