Шпанскиот тенисер Рафаел Надал со вчерашниот пласман во осминафиналето на Мастерсот во Мадрид направи и рапиден скок на новата АТП листа која ќе биде објавена следната недела.
Рафа, кој пред почетокот на турнирот беше на 512. место, сега ќе има скок од 207 места и моментално е 305. играч во светот. Доколку го победи чешкиот тенисер Лехецка, тој во следниот меч би стигнал и до 42. позиција.