Рафаел Надал имаше само пофални зборови 16-ет годишниот, Дарвин Бланш, по нивната пресметка на Мастерсот во Мадрид. Шпанецот откако ја искоментира победата која го однесе во наредната рунда, се насочи и кон играта на Американецот.
„Мислам дека играв против тенисер кој има голема иднина. Не сакав да преземам премногу ризици. Мило ми е што продолжив понатаму и му пожелувам се најдобро“, рече Надал.
Тој во наредното коло на 27 април ќе игра против Алекс де Минаур од Австралија.

