Рафаел Надал обезбеди полуфинале на УС Опен откако утринава во вториот четврфинален дуел во машка конкуренција успеа да слави над австрискиот тенисер Доминик Тим во меч кој траеше 5 сета со 3:2. Дуелот траеше скоро пет часа, а Надал славеше во тај-брејкот во петиот сет со резултат 7:5.
Противник на Надал во полуфиналето ќе биде Хуан Мартин Дел Потро. Тој пак во првото четврфинале беше подобар од Американецот Џон Изнер во четири сета со 3:1.