Петтиот светски рекет Рафаел Надал го победи Матео Беретини (6:3, 6:2, 3:6, 6:3) и по шестипат се пласираше во финалето на Австралија опен.
Надал ќе го игра 29. Грен слем финале, и ќе се бори за 21. Грен слем титула.
Шпанецот ја извојува 500-та победа и стана само четвртиот играч во Опен ерата кој победил на 500 натпревари на оваа подлога.
Надал за титулата ќе игра со Даниил Медведев или Стефанос Циципас кои денеска го играат второто полуфинале.