Поранешниот светски рекет број еден, Рафаел Надал, вели дека освојувањето на титулата во Мелбурн треба да се цени бидејќи успешно се врати на теренот по повредата на ногата од која се опоравуваше речиси четири месеци.
35-годишниот Надал ја освои 89-та титула во кариерата откако го победи американскиот квалификант, Максим Креси, со 7-6 (6), 6-3 во финалето на АТП 250 пред Австралија Опен, кој започнува на 17 јануари.
„Многу сум среќен што ја започнав сезоната со титула. Ако ги собереме и анализираме сите работи низ кои сум поминал во последните пет месеци, вклучително и СОВИД-19 по Абу Даби, секако дека сум среќен“ – вели Надал.
