Лидерот на светската АТП листа, Рафаел Надал се откажа од учество на мастерсот во Синсинати, кој стартува вечерва. 32-годишниот Шпанец има проблеми со својата физичка форма и претпочита да одмори овие две недели
„Жал ми е да објавам дека нема да бидам на турнирот во Синсинати оваа година. Сега сакам да се погрижам за моето тело, нема друга причина за мојата одлука. Им благодарам на организаторите кои ја разбираат ситуацијата во која се наоѓам“, изјавил шпанскиот тенисер.
Роџер Федерер ќе биде прв носител на турнирот по откажувањето на Надал. Турнирот во Охајо е генерална проба пред US Open кој почнува на 27 овој месец.