Најдобриот светски рекет, Рафаел Надал, трета година по ред го одби учество во турнирот „Квинс“ во Лондон, кој ќе се одржи следната недела.
Надал објави дека сака да си даде подолга пауза по тешката сезона на земја, дел кој заврши со рекордна 11-та титула на „Ролан Гарос“.
„Зборував со моите доктори и треба да го слушаме телото и да земам подолга пауза. Сакам да им се извинам на организаторите на турнирот и на навивачите што се надеваа дека ќе ме видат на теренот. Многу сакав да играм, но сезона на земја беше прилично тешка и интензивна“, изјавил Надал.
На „Квинс“ не се знае дали ќе се појави и петкратниот шампион Енди Мареј кој се опоравува од операцијата на колкот.