Еден од најдобрите тенисери на денешницата, Рафаел Надал, доби интересен предизвик да го оформи идеалниот тенисер. Шпанецот кој е на второто место на светската АТП, листа, одбра различни елементи од различни тенисери и ги спои во идеална личност која би доминирала на терените.
„-Најдобриот ритерн? Веројатно Ѓоковиќ. Најдобриот сервис го има Иво Карловиќ, форхенд – Федерер а брзината- Гаел Монфис“ – вели Надал со потенцирање дека според психичката стабилност во моментов се издвојуваат тројца играчи.
„ Во тој сегмент од играта најдобри се Рожер, Новак и јас“ – потенцираше Надал