Рафаел Надал потврди дека е – „Крал на земја“ откако забележа триумф против Диего Шварцман и се квалификуваше за 1/4-финалето на тенискиот турнир во Мадрид.
Шпанецот на тој начин стигна до 50-та победа со што го надмина легендарниот, Џон Мекинро (САД) кој има остварено 49 победи во серија на иста подлога.
Надал во четвртфиналето ќе излезе на мегдан со Доминик Тим кој како потсетување, му беше противник во минатогодишното финале токму на турнирот во Мадрид.