Најдобриот шпански тенисер, Рафаел Надал, се надева дека брзо ќе ги реши проблемите со стапалото и дека ќе се врати во натпреварувачки ритам.
„Сакам целосно да закрепнам. Не знам кога повторно ќе играм. Работам напорно секој ден“ – вели Надал.
„Очекувам се да биде позитивно и повторно да се натпреварувам. Работам напорно за да играм на врвно ниво“ – потенцираше Надал.