Рафаел Надал, освојувачот на 22 Грен слем титули, се уште не е опоравен од повредата на колкот.
Шпанскиот тенисер беше поразен во второто коло на Австралија опен, а оттогаш го нема на теренот. Надал неодамна мораше да ги откаже турнирите во Доха и Дубаи, а како што стојат работите под знак прашалник е и неговиот настап на Мастерсот во Индијан Велс.
„Многу сум тажен што нема да можам да дојдам во Лас Вегас и да го играм овој голем настан со Карлос во MGM Grand Garden Arena. За жал, мојот процес на опоравување е таков што не е можно да бидам подготвен да играм тогаш Се надевам дека ќе најдеме некој друг состанок за да го прославиме овој настан и да се забавуваме. Би сакал да им се заблагодарам на навивачите и организаторите кои беа во контакт со мене во текот на целиот период, покажаа поддршка и имаа многу разбирање за мене“, објави Надал.
Доколку Надал не може да игра на 5 март, прашање е дали ќе биде подготвен за Индијан Велс, кој започнува само неколку дена подоцна.