Рафаел Надал најверојатно нема да игра ниту на турнирот во Барселона следната недела, пишува „Марка“.
Надал одлучил дополнително да работи на опоравување за да биде стопроцентно подготвен за најважниот турнир во сезоната – Ролан Гарос, каде на крајот на мај и почетокот на јуни ќе се обиде да ја освои својата 15-та титула.
Информациите велат дека Надал ќе му се врати на тенисот на 26 април, на Мастерсот во Мадрид.