Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал, преку социјалните мрежи објави дека се повлекува од турнирот во Барселона.
– Турнирот во Барселона е многу посебен за мене а играњето дома е секогаш уникатно искуство. Но, се уште не сум подготвен, го продолжувам процесот на подготовка за моето враќање на теренот“ , напиша Надал.
Еден од најдобрите тенисери во историјата се рехабилитира по повредата на левата нога заработена на отвореното првенство на Австралија во почетокот на годинава.