Тенисерот, Мекензи Мекдоналд (САД), направи огромна сензација на отвореното првенство на Австралија откако го совлада главниот фаворит за пехарот Рафаел Надал со убедливи 3-0 по сетови 6:4, 6:4, 7:5.
Тоа е прв пат по 2016 година Шпанецот да биде елиминиран уште во второто коло на првиот сезонски Грен Слем турнир. Американецот, кој се наоѓа на 65-тото место на АТП листата не крие дека е презадоволен од победата.
„Многу сум задоволен од начинот на кој го започнав мечот. Играв добро, одлично сервирав а моите враќања ми одеа добро. Навистина можев совршено да му се спротивставам” – прокоментира Американецот.