Шпанскиот тенисер Рафаел Надал на социјалните мрежи го најави враќањето на терените кое ќе се случи во првата недела од јануари за кога е закажан турнирот во Бризбејн.
Надал последен пат играше на Австралија опен во јануари годинава кога загуби од Мекензи Мекдоналд во второто коло. Тој тогаш објави дека нема да игра до крајот на сезоната поради операција на колкот, а изјави и дека има проблеми со повреда на стапалото.
„После една година, време е да се вратам назад. Тоа ќе биде во Бризбејн во првата недела од јануари. Се гледаме таму“, изјави Надал.