Рафаел Надал и по 14-ти пат го крена шампионскиот пехар на Ролан Гарос победувајќи го Каспер Руд во финалето со 6:3, 6:3, 6:0. Надал кој пред два дена наполни 36 години стана најстариот шампион во историјата на Ролан Гарос. Пред него тоа беше Андрес Гимено, кој до трофејот стигна со 34 години и 10 месеци.
Надал стана само третиот играч кој освоил Грен слем по навршувањето на 36 години. Покрај тоа, Надал се изедначи со Новак Ѓоковиќ по бројот на освоени Грен слем трофеи по нивниот триесетти роденден, и двајцата имаат по осум.