Рафаел Надал реши да стави крај на ѕвездената кариера по завршувањето на актуелната сезона. 37-годишниот тенисер подолг период се измачува со повреди и затоа неговата одлука е сосема очекувана.
„Засега мислам од ден на ден. Ќе донесам конечна одлука пред Ролан Гарос. Ќе бидам повнимателен во наредните месеци“ – потенцираше Надал.
Шпанецот има 22 грен слем титули од кои 14 се освоени во Франција.