Рафаел Надал кој победи на тенискиот АТП турнир во Акапулко, сега има 91 трофеј или само три помалку од третиот на вечната листа, Иван Лендл (94). Првите две позиции ги имаат Џими Конорс (109) и Роџер Федерер (103).
„Секогаш велам дека таквите работи треба да се мерат само кога ќе заврши кариерата. Најважно е дека победив бидејќи на турнирот учествуваа неколку играчи кои се во самиот врв на светскиот тенис“ – вели Надал.
Шпанецот влезе во историјата на турнирот во Мексико бидејќи е најмладиот и воедно највозрасниот тенисер со титула во Акапулко.