Рафаел Надал е прв полуфиналист на првиот Грен Слем турнир оваа година, Австралија опен. Шестиот тенисер во светот по голема борба на крајот го победи Денис Шаповалов со 6:3, 6:4, 4:6, 3:6, 6:3.
Деконцентрираниот Шаповалов го загуби првиот сет, а потоа некако дозволи Рафа да му побегне и во вториот, па беше доцна да спасува негатива од 2:0. Сепак, Канаѓанецот успеа да ги добие следните два сета и да израмни на 2:2.
Во олдучувачкиот петти сет, надал поведе со 3:0 и потоа лесно успеа да го приврши мечот до победа. Надал во полуфиналето за противник го чека подобриот од второто четвртфинале меѓу Беретини и Монфилс.