Најдобриот шпански тенисер Рафаел Надал имал позитивен тест за КОВИД-19 по враќањето во Шпанија од егзибициониот турнир во Абу Даби.
„Здраво на сите. Сакам да ве информирам дека на враќање дома, по учеството на турнирот во Абу Даби, имав позитивен ПЦР тест за КОВИД-19, кој беше направен при моето пристигнување во Шпанија. И во Кувајт и во Абу Даби правевме тестови на секои 2 дена и сите резултати беа негативни. Последниот беше во петокот, а резултатот излезе во саботата“, напиша Надал на својот Инстаграм профил.
„Поминувам низ некои непријатни моменти, но верувам дека работите постепено ќе се подобруваат. Моментално сум дома во карантин и ова го кажувам поради луѓето кои биле во контакт со мене. Како заклучок, јас мора да бидам многу флексибилен со календарот, ќе ги анализирам моите способности во зависност од мојата состојба. Ќе ве информирам за мојата одлука на кои турнири ќе учествувам. Ви благодарам на сите за разбирањето и поддршката!“, напиша Рафа Надал.

