Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Тенис»Надал со пресврт дојде до титула на Австралија опен
    Тенис

    Надал со пресврт дојде до титула на Австралија опен

    risteBy riste30/01/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Рафаел Надал е победник на годинешниот турнир Австралија опен и со тоа го наследи тронот на Новак Ѓоковиќ. Шпанскиот тенисер во финалето беше подобар од Данил Медведев од Русија (2:6, 6:7, 6:4, 6:4, 7:5).

    Мечот траеше над пет часа и сигурно ќе остане запаметен како еден од најдобрите во историјата на турнирот кој се игра на „Род Лејвер Арена“.

    Мечот започна со доминација на Медведев кој ги доби првите два сета и кога сите очекуваа дека лесно ќе стигне до победа во овој дуел, дојде одговорот од Рафаел надал кој во два сета со по 6:4 успеа да го израмни резултатот на 2:2 во сетови и да се избори за 5-ти решавачки сет. Во поседлниот сет повторно продолжи со добрата игра и со резултат 7:5 го доби сетот кој му ја донесе победата. За Надал ова е втора титула во Австралија, по онаа во 2009 година.

    Медведев остана на еден трофеј и пропушти шанса да се искачи на врвот на АТП листата, каде долго време стои Новак Ѓоковиќ. Шпанскиот тенисер сега има 21 Грен слем титула во кариерата, една повеќе во однос на Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер и со тоа е единствениот со ваков успех во кариерата, а неговите ривали се сега на потег.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    „ITF“ ги формираше групите за Дејвис Купот

    29/03/2023

    Ако Медведев слави во Мајами, Ноле се враќа на врвот на АТП листата

    27/03/2023

    Тениски скандал: Загубен гејм за 400, загубен меч во два сета за 2000 евра!

    24/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Ливерпул фаворит за потписот на Маунт
    • Во Манчестер Сити неизвесност: Дали Халанд ќе може против Ливерпул?
    • Адеми се вклучи во подготовките на новиот тим
    • Дијаз ќе добие понуда од Англија
    • Горецка: со нетрпение ги чекаме дуелите со Сити
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.