Три генерации на ФК Вардар, од денеска до сабота, ќе земат учество на турнирот „Црно Море Куп Несебар 2018“, кој ќе се одржи во Несебар, Бугарија. Генерациите 2005, 2006 и 2008 на „црвено-црните“, ќе бидат дел од овој турнир.
Генерацијата 2005 година е предводена од тренерот Ане Андовски, додека Сашо Јанев ќе ја предводи генерацијата 2006. Генерацијата 2008 година ќе биде предводена од Павел Неделковски.
Генерацијата 2005 година ќе игра против екипите на Локомотив Софија, Нефтохимик Бургас, Левски Паталеница и Нива Виница. Черноморец Бургас, Локомотив Софија, Ферион Софија и Академика Божуриште ќе бидат противниците на генерацијата 2006 година. Екипата составена од фудбалери родени 2008 година ќе одигра три натпревари и тоа против Локомотив Софија, Черноморец и Ферион Софија.