Тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман го сподели своето мислење за можното заминување на напаѓачот Роберт Левандовски од клубот.
„Тоа би било голема загуба, но тој има договор до 2023 година“.
Како се чувствувам поради тоа што Левандовски не го продолжи договорот? Ова е поттик следната сезона да бараме нов напаѓач кој подоцна ќе може да го замени Роберт“,изјави Нагелсман.
Роберт Левандовски оваа сезона имаше 46 настапи за Баерн во сите натпреварувања. Постигна 50 гола и имаше 7 асистенции. Договорот на напаѓачот со клубот е до 30 јуни 2023 година.
Претходно беше објавено дека Левандовски сака да се пресели во Барселона. Агентот на напаѓачот Пини Захави ќе изврши притисок врз Баерн да го продаде неговиот клиент ова лето.