„Сакам да бидам успешен, сакам да освојувам трофеи, сакам нашите навивачи да бидат ентузијасти и да веруваат во нас“ – потенцираше тренерот на фудбалерите Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман, во интервјуто за – „UEFA.com“, пред стартот на Лигата на шампионите.
Фудбалскиот стратег кој е роден во Ландсберг на 65 километри од Минхен, го презеде кормилото на Баварците во текот на летото откако Ханси Флик седна на клупата на германската фудбалска репрезентација.
Нагелсман кој кариерата ја започна во Аугсбург, имаше успешни епизоди со екипите на Хофенхајм и на Лајпциг.