Тренерот на Баерн Минхен Јулијан Нагелсман не би сакал да присуствува на Октоберфест по поразот од Аугсбург (0:1).
Предводникот на Баерн изјави дека гостувањето на Октоберфест планирано за денеска „повеќе нема смисла“ по поразот кој го доживеа неговата екипа на гостувањето кај Аугсбург, но од друга страна ова гостување е задолжително поради договорите кои ги има Баерн Минхен.
„Ќе му кажам на клубот за тоа. Но, ако тимот оди, тогаш ќе морам да одам со нив“, изјави Нагелсман во интервју за „Sport1.de“. Расположението во екипата на Баерн Минхен е променето по овој пораз иако претходно одлично започнаа во ЛШ, но од друга страна игрите во Бундеслигата се далеку од очекувањето.