Јулијан Нагелсман вели дека фудбалерите треба да носат микрофони за да может постојано да комунисираат со тренерите додека трае мечот. Тој како пример ја посочи НФЛ конкуренцијата.
„Фудбалот е исклучително традиционална игра додека американскиот фудбал е неверојатно напреднат. Квотербек може да добие совет на теренот од тренерот. Играчите треба да носат микрофони за да можат да разговараат со тренерот”, рече Нагелсман.
„Бидејќи нема прекини на мечевите, тренерите може да даваат совети само на полувремето. Публиката прави голема бучава на стадионот“ – вели тренерот на Баерн Минхен.