Тренерот на Баерн Минхен, Џулијан Нагелсман, зборуваше за претстојниот натпревар со Барселона во 2. коло од групната фаза на Лигата на шампионите. Во гостинските редови ќе се појави екс-напаѓачот на минхенскиот клуб, Роберт Левандовски.
„Ако го видам Левандовски ќе му подадам рака. Ќе ми биде миле доколку го поздрават и навивачите. Тоа е нормално кога човек дал толку многу за клубот. Така треба да биде“ – изјави Нагелсман за официјалната веб-страница на УЕФА.
Натпреварот меѓу Баерн и Барселона ќе се одигра денеска на Алијанц Арена со почетокот во 21.00 часот.