Тренерот на фудбалерите на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман, жали што германскиот дефанзивец, Никлас Зуле, ќе го напушти клубот.
„Би сакал да остане со нас. Затоа игра толку многу. Се уште гледам многу квалитети во него” – изјави Нагелсман пред утрешниот натпревар против РБ Лајпциг во 21. коло на Бундес-лигата.
Ќе потсетиме дека 26-годишниот фудбалер по четири сезони не го продолжи договорот и во текот на летото ќе си замине од Минхен