Германскиот стручњак Јулијан Нагелсман се откажа од трката за нов тренер на Челзи. Екс-тренерот на Баерн Минхен ја одби оваа опција. Ова го објави новинарот Фабрицио Романо на Твитер. Според изворот, се чини дека ова е конечниот избор на Нагелсман.
Нагелсман (35) беше отпуштен од Баерн Минхен на 24 март 2023 година и од тој момент е без работа. На 2 април, Греам Потер беше отпуштен од Челзи, а беше објавено дека Јулијан Нагелсман ќе биде негов наследник како главен тренер на сините.
Сепак, Челзи го назначи Френк Лампард до крајот на сезоната, а како главен кандидат за новата сезона беше сметан Нагелсман.